Правата вистина за породувањето на љубовницата на Путин: Веста ја објавил проблематичен портал, а еве зошто сите наседнале

Точка

23/05/2019

18:52

3.988

Големина на фонт

а а а

Иако ниеден руски весник, ниту ТВ канал не соопштил ништо за породувањето на прославената олимписка победничка, гимнастичарката Алина Кабајева (36), светскиот жолт печат со денови пишува дека добила близнаци, а како татко се споменува Владимир Путин (66), претседателот на Русија.

Изворот на тие информации е порталот „Dom2Life“, кој ги следи ријалити шоуата, а како автор се споменува тамошен новинар кој има одлични врски во полиција, пренесуваат News.

Сето ова не би заслужувало внимание, особено што во Кремљ не се коментираат гласините, доколку на некои портали не се појавеле полемички текстови во кои се тврди дека „Dom2Life.ru“ направиле збрка. Наводоно, во породилиштето не била Алина Кабајева , за која тврдат дека е невенчана сопруга на претседателот Путин и дека родила два сина, туку фото-моделот Саша Кабајева, учесничката на „Дома“, руската верзија на „Фарма“.

Бидејќи во Центарот за гинекологија и акушерство „Кулак“ не потврдуваат, ниту негираат дека Алина Кабајева родила близнаци, верните љубители на трачот расправаат дека можеби се помешани имињата, доколку се породила Саша Кабајева. Атрактивната Саша не ја сокривала својата бременост. Отишла во болница на инфузија пред породувањето, бидејќи преживела голем стрес поради апсењето на нејзиниот сопруг, поранешен познат кик-боксер, Александар Липов, поради тоа што наводно уценувал некој должник. Фото-моделот Саша, јавно изјавила дека ќе роди син.

Меѓутоа, озборувачите и понатаму веруваат дека Алина Кабајева на 7-ми мај, пред 36-от роденден, родила близнаци и дека поради тоа четвртиот спрат на клиниката бил испразнет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг