Galaxy Note 10 би можел да биде поголем од претходникот...

Точка

23/05/2019

16:59

1.056

Големина на фонт

а а а

Се појавија нови гласини во врска со новиот Galaxy Note 10 на Samsung, кој би требало да биде претставен во текот на летото оваа година.

Наместо 18,5:9, екранот на новиот Galaxy Note 10 би можел да биде со сооднос 19:9, а можна е и дијагонала од 6,66-инчи (16,9 сантиметри), наместо претходната големина на екранот која кај „деветката“ изнесува 6,4-инчи (16,2 сантиметри).

Поголем би требало да биде и капацитетот на батеријата – 4,300 mAh, наместо 4000 mAh кај Note 9.


Наводно новата генерација на Note ќе има повеќе модели, вклучувајќи и издание со поддршка за 5G мрежа, нема да има копчиња, ќе добие камера во S Pen и на задната страна ќе има четири камери, пренесува CNET.

Инаку, досега беше познато дека Galaxy Note 10 ќе пристигне со нов, унапреден екран, а во зависност од пазарот ќе пристигне со Snapdragon 855, односно Exynos 9820 процесор, а во понудата ќе има и верзии со 8, односно 12 GB RAM меморија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг