Што се наоѓа во остатокот од снимката од Ибица која трае дури 7 часа?: “Одвратни сцени од секс и консумирање на дрога”

Точка

23/05/2019

21:06

17.062

Големина на фонт

а а а

Австриската јавност виде само дел од скандалозната снимка од Ибица која наводно трае дури седум часа и поради која австрискиот вицеканцелар Хајнц Кристијан Штрахе поднесе оставка.

На снимката се наоѓа и неговиот соработник и висок член на Слободарската партија на Австрија (FPO), Јохан Гуденус. Штрахе и Гуденус сега како “на игли” го чекаат објавувањето на новите делови од снимката кои, според пишувањето на австриските медиуми, не се воопшто пријатни. 

Објавените сцени се однесуваат само на политички чувствителни делови кои доведоа до политички земјотрес во земјата, распад на коалицијата со партијата на канцеларот Себастијан Курц и вонредни избори кои најверојатно ќе бидат одржани во септември.

Главниот уредник на германскиот медиум “Зидојче цајтунг”, Курт Кистер открива што сè се наоѓа на таа снимка од вилата на Ибица.

“Има делови кои откриваат многу работи, одвратни и неколку патетични секвенци. Повеќето од нив се приватни”, изјавил уредникот на медиумот кој ја објавил снимката заедно со тимот од магазинот “Шпигел”.


Дрога и секс?

Како што пренесува “Oe24.at”, видеото содржи и сцени од дрога и секс, конкретно, како што пишува медиумот, снимката веројатно покажува “консумација на психотропни супстанци од страна на Гуденус”.

Медиумот додава и дека тоа би можело да биде кокаин, но и дека снимката содржи и секс сцени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг