Шефот на руските разузнавачки служби го предупредил Мадуро: Венецуелската опозиција подготвува нов обид за државен удар!

Точка

22/05/2019

14:48

2.447

Големина на фонт

а а а

Директорот на руските разузнавачки служби, Сергеј Наришкин, во вторникот изјавил дека опозицијата во Венецуела повторно ќе се обиде да ја урне избраната влада. За Наришкин е важно Каракас да ја зацврсти својата позиција со венецуелскиот народ и да преговара со опозицијата, дури и ако Вашингтон го отежнува домашниот дијалог.

"Кризата очигледно ќе продолжи. Неуспешниот државен удар очигледно не е последен. Важно е легитимната влада доследно да го консолидира населението и да ги здружи силите". 

Наришкин додал дека, иако пропустите во владината економска политика во голема мера придонеле за политичката криза во латиноамериканската земја, "странските сили" ја стимулирале.

Од јануари оваа година политичките тензии во Венецуела се во пораст. Тогаш опозицискиот лидер, Хуан Гуаидо, се прогласил за привремен претседател на земјата, во која добил надворешна поддршка од САД и нивните главни сојузници.

Владата на Николас Мадуро, повторно избрана во 2018-та година, и натаму се смета за легитимна од страна на земји ако Кина, Русија и меѓународните организации.

На 30-ти април Гуаидо повторно се обидел да го урне Мадуро, меѓутоа, обидот за државен удар не успеал.

Венецуелската влада започнала истрага за да дознае што се случило.



Спонзорирани линкови

Маркетинг