Проблеми за Солскјер: Де Хеа го одби новиот договор, Јунајтед во потрага по нов голман

Дерби

22/05/2019

12:22

1.301

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед стави крај на лошата сезона во Премиер лигата, а челниците на клубот сега се насочени кон градење на тим кој ќе треба значително да ги подобри резултатите следната сезона.

Токму затоа, од Манчестер Јунајтед одлучиле да му понудат нов договор на голманот, Давид Де Хеа за да го обезбедат неговиот потпис и за годините што доаѓаат.

Сепак, како што пишува „Сан“ и новинарот Мајк Меграт, голманот го одбил договорот затоа што од клубот не ги исполниле неговите барања за 350.000 фунти неделна плата. Наводно, од ПСЖ биле подготвени да му ја понудат таа сума, па 28 годишниот Де Хеа би можел кариерата да ја продолжи во Париз.

Се уште не е познато дали „ѓаволите“ ќе го продадат Де Хеа ова лето или ќе остават неговиот договор да истече, па фудбалерот да си замине без оштета следната сезона.

Едно е јасно, Солскјер веќе размислува за голманската позиција за следната сезона, па постојат шпекулации дека ќе тргне по голманот на Барселона, Јаспер Силесен. Други шпекулации говорат дека Оле е подготвен на ризик и следната година „единицата“ да му ја додели на Дин Хендерсон кој зад себе имаше одлична сезона во Шефилд Јунајтед, клуб со кој успеа да се пласира во Премиер лигата.

Од евентуалната продажба на Де Хеа, Манчестер Јунајтед би инкасирал максимум 60 милиони фунти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг