Чави со индиректна отровна стрела го „пецна“ Валверде: Каталонците се лути поради едно нешто!

Дерби

22/05/2019

11:25

1.483

Големина на фонт

а а а

Во моменти кога и официјално замина во фудбалска пензија, Чави Ернандез и тоа како е актуелен во шпанските медиуми, пред се со своите интервјуа кои ги прави за угледните весници од земјата во која се прослави како голема фудбалска ѕвезда.

Легендарниот капитен на Барса стави крај на кариерата како член на Ал Сад, а сега негов нов предизвик ќе биде тренерската кариера, улога во која многумина веруваат дека одлично ќе се снајде. Чави имаше можност да соработува со многу врвни тренери во изминативе 20 години и секако има добра подлога да направи успешен исчекор во тренерските води, но самиот тој во неколку наврати се отпиша како иден тренер на Барселона, барем не во догледно време.

Пензионираниот играч за врска смета дека мора добро да се вклопи во новата улога пред да добие сериозен проект како што е Барселона, но затоа при своето последно обраќање за „Спорт“ немаше проблем да му испрати отровна стрела на Ернесто Валверде, пред се поради оттргнување од стилот кој со години го негува тимот.

– Огромна штета нанесе елиминациајата во Лигата на шампионите. Цел фокус беше вперен во ова натпреварување, а им се случи истото од минатата година. Сензацијата е многу лоша, сите се повредени, пред се поради тоа што Барселона во ниту еден момент не доминираше, ниту дома, ниту на гости. Тоа прави Каталонците да бидат лути. Во етапата на Пеп не се освои се секоја година, не елиминираа двапати во полуфиналињата, но чувството беше друго, доминиравме на натпреварите. Овојпат тоа не беше случај, – резимира Чави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг