Пресметка со шверцери на дрога во Европа, уапсени 22 лица

Макфакс

22/05/2019

11:21

1.147

Големина на фонт

а а а

Во координирана операција против шверц со дрога ширум Европа, 22 лица беа уапсени, соопшти „Европол“. Осомничениот водач на синџирот шверцери, 48-годишниот Летонец, бил уапсен во Шпанија.

Другите беа уапсени во Полска, Литванија, Шпанија и Велика Британија, објави „Ројтерс“.

„Европол“ истакнува дека ова е најголемата операција од ваков вид во која беа пребарани 40 куќи на 15-ти и 16-ти мај. Беа запленети осум милиони евра, дијаманти, златни полуги, накит и луксузни автомобили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг