Се запознале на концертот во чест на Тоше Проески во 2008, после 11 години се роди нивниот заеднички проект „Мајко“, кој никого не остава рамнодушен, бидејќи од срце е подарен за публиката, а се надеваме така ќе биде и прифатен.
Гуру Харе за првата соработка со Аки Рахимовски кој овојпат пее на неговиот мајчин јазик.
- Се познаваме од нашиот прв заеднички настап.Концерт во чест на Тоше Проески на Градскиот стадион во 2008 година. А за соработката не чекав, едноставно се наместија работите.Во 2017 та, повторно засвиревме заедно, овој пат на Златна Бубамара и од прилика тогаш ми се роди идејата да го побарам Аки.Песната веќе постоеше.
- Целиот процес траеше околу година и нешто повеке,бидејки ми требаше време сето тоа да го организирам и реализирам. Да создадеш песна и спот од нула е прилично макотрпна работа.
Песната ја снимивме во студиото Парамециум на браќата Тавитјан. Аранжер и продуцент е Диран Тавитјан.Јас ги одсвирев гитарите, а Аки ја одпеја.
- Пораката е содржана во текстот на песната, и не би сакал да ја дообјаснувам.
Оставам секој да ја почувствува МАЈКО на свој начин, бидејќи пораката е универзална.
- На Аки македонскиот му е мајчин јазик и воопшто не му беше проблем.Го зборува се уште оној литературен македонски, што мене посебно ми се допаѓа.
- Спотот се снимаше на три локации.На железничката станица во Драчево,во приватна куќа, и во студиото на Мелем Продукција.Режисер на видеото е Огнен Шапковски,Директор на Фотографија е Кристијан Теодоров, а го изработи Мелем Продукција. Самото снимање е една голема случка, така што не би издвоил ништо.
- Јас прв пат ја слушнав во мојата глава кога ја создавав :) А кога ја слушнав снимена бев презадоволен.
- Јас не сум човек што прави такви планови од напред.Ке оставам песната да не води.
(А.В)