Не ја кријат својата фрустрација: Пјонгјанг со порака до САД - размислете за последиците, ќе го следиме секој ваш потег!

Точка

22/05/2019

14:15

2.426

Големина на фонт

а а а

Американската заплена на севернокорејскиот товарен брод би можела да има последици по односите со Северна Кореја, порача амбасадорот на оваа земја во Обединетите нации, Ким Сонг.

„САД треба да разговараат за тоа и да размислат за последиците кои тоа скандалозно дело би можело да ги има по иднината на нашите билатерални односи“, изјави амбасадорот Ким Сонг на конференцијата за медиумите во седиштето на Обединетите нации.

Севернокорејскиот амбасадор не откри за какви последици станува збор и повтори дека „се зависи од САД“ и дека Северна Кореја „ќе го следи секој чекор на САД во врска со тоа прашање“.


Амбасадорот ги повика американските власти да дозволат запленетиот севернокорејски брод да се врати назад. Според него, запленувањето на бродот е јасно негирање на обврските кои американскиот претседател ги превзел на средбата со лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, кога двајцата се заложија за подобрување на билатералните односи на двете земји.

Кон крајот на минатата седмица, од Пјонгјанг испратија и писмо до генералниот секретар на Обединетите Нации во кој бараат да се интервенира, но од ОН порачаа дека тој спор мора да биде решен билатерално, односно помеѓу Северна Кореја и САД.


Американските власти во мај објавија дека запленија севернокорејски товарен брод за кој тврдат дека ги прекршил меѓународните санкции за забрана на извоз на јаглен. Бродот една година беше блокиран во Индонезија, а капетанот на бродот судски го гонат индонезиските власти. Од Вашингтон ја започнаа процедурата за запленување на бродот во 2018-та година, а тоа се спроведува сега.

Северна Кореја се наоѓа на удар на бројни економски санкции кои беа воведувани во неколку наврати од 2017-та година на иницијатива на САД, со цел да ги натераат властите од Пјонгјанг да се откажат од своите програми за развој на нуклеарно оружје и интерконтинентални балистички ракети.



Спонзорирани линкови

Маркетинг