Во Полска родена првата шесторка: „Очекувавме само пет“

Точка

21/05/2019

21:22

3.840

Големина на фонт

а а а

Полската прва шесторка, две момчиња и четири девојчиња, родена во градот Краков во понеделникот, ги изненадила и родителите и лекарите кои подготвиле сè за породување на пет новороденчиња.

„Замислете го ова: бевме подготвени од рано наутро да им помогнеме на пет бебиња да дојдат на свет. Во операционата сала, петмина лекари беа подготвени да се грижат за пет деца“, вели Рисзард Лаутербах, раководител на клиничката неонатологија во Универзитетската болница во Краков.

„Бебињата доаѓаа на свет едно по друго, а потоа, одеднаш, уште едно чека да се роди.“


Децата се родени во 29-та недела и се во „изненадувачки добра состојба“ за шесторка, но постојат симптоми на незрелост во респираторниот систем, што е карактеристично за предвремено родени бебиња.

Лекарите се надеваат дека децата ќе бидат пуштени дома кога ќе имаат 2 и пол месеци.

„Во нашиот дом веќе подготвивме сè за доаѓање на пет дечиња, а сега мораме сè да промениме“, рекла мајката Клаудија Марзец.

Децата ќе се викаат Филип, Тимон, Зофиа, Каја, Нела и Малвин.


Нивниот татко, Сзимон Марзец, на конференцијата за новинарите во болницата во вторникот рекол дека наскоро со своите браќа ќе се запознае и нивниот прв син Оливер, детето кое штотуку проодело. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг