Заев и Ахмети пристигнаа на состанок во Влада, но ги одбегнаа медиумите

Макфакс

21/05/2019

16:52

1.222

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пристигнаа во зградата на Владата на состанокот на кој треба да разговараат за најавената реконструкција.

И покрај присуството на многу новинарски екипи, Заев и Ахмети, одбегнаа да дадат изјави влегувајќи во Владата од влезовите во гаражата. Засега, неисвесно е дека ќе има изјави и по завршувањето на средбата.

Пред состанокот, извори од ДУИ брифираа дека партијата е на став да не се врши промена на кадрите, туку да се спроведе таканаречен ветинг, кој минатата недела го најави Артан Груби.

Тоа би значело првично партијата да направи проверка на функционерите од своите редови дали имале криминални дејствија или се пример за неморално однесување, па доколку има, избраниот функционер да ја напушти функцијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг