Хорнер во одбрана на Гасли по новите критики

КРУГ.МК

21/05/2019

18:31

339

Големина на фонт

а а а

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, застана во одбрана на новиот возач во тимот, Пјер Гасли, по новите критики околу способностите на младиот французин.

Хорнер го одбрани бавниот старт на сезоната за Гасли, инсистирајќи дека новото момче се запознава со околината и станува се повеќе и повеќе удобен и конкурентен во РБ15.

Гасли на последната трка во Шпанија заврши на шесто место, позади тимскиот колега и возачите на Мерцедес и Ферари. Во Баку ја држеше истата позиција пред да се откаже поради проблеми со осовината.

„ПЈЕР СТАНУВА СЕ ПОСИЛЕН. СЕКОЈ ВИКЕНД ТОЈ ПРАВИ НАПРЕДОК. ОЧИГЛЕДНО САКАМЕ ДА СЕ БОРИ СО БОЛИДИТЕ ПРЕД НЕГО.

КИНА БЕШЕ ПРЕСВРТ ЗА НЕГО, А ИМАШЕ И ДОБАР ВИКЕНД ВО БАКУ. ТОА ГО ПРОСЛЕДИ СО МНОГУ СОЛИДЕН ВИКЕНД ВО ШПАНИЈА“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг