Штрахе од проблем во проблем: Поради Русинката доживеал политички крах, а потоа се здобил со нов силен животен удар

Точка

21/05/2019

19:38

5.732

Големина на фонт

а а а

Поранешниот австриски вицеканцелар и некогашен лидер на Слободарската партија на Австрија, Хајнц Кристијан Штрахе, најавил дека сака да ја докаже својата невиност во врска со таканаречената афера на Ибица.

Штрахе во саботата бил принуден да поднесе оставка на сите политички функции откако германските медиуми објавиле видео снимки на кои се гледа како на една наводна внука на руски милијардер ѝ нуди државни работи во замена за финансиска поддршка за неговата партија. 

"Ќе ги пронајдеме сите кои стојат зад криминалните видео снимки и валкани кампањи од странство против мојата личност и ќе ја докажам својата невиност. За тоа ќе се борам", порачал Штрахе преку Фејсбук.

Оваа афера немала само негативно влијание на неговиот политички живот, туку и на неговиот приватен живот и брак.

Виенскиот дневник "Kronen Zeitung" тврди дека неговата сопруга Филипа Штрахе, со нивниот син Хенрик го напуштила заедничкиот дом и се преселила кај своите родители.

Таа, во изјавите за медиумите, рекла дека е шокирана и дека сака најпрво се да анализира, како и да се посвети на својот син.

"Морам и сакам да бидам силна за својот син. Тој ми дава огромна енергија", рекла Филипа. Додала дека нејзиниот сопруг погрешил и дека "мора да живее со последиците".

"Во мојата природа е да гледам напред и ќе му се посветам на своето дете и на борбата за доброто на животните", рекла таа. Штрахе, на прес-конференцијата, на која го соопштил поднесувањето на оставката, посебно и се обратил на сопругата молејќи ја да му прости "што се однесувал како тинејџер кон Русинката и што се обидувал да ја импресионира".

Штрахе и Филипа се венчале во октомври 2016-та година, а на 1-ви јануари оваа година добиле син. Штрахе од првиот брак има две деца на возраст од 15 и 17 години. Филипа е поранешна манекенка, портпаролка на политичарот, ТВ водителка, а моментално работи во FPO како делегат за заштита на животни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг