Одвај спојувал крај со крај, а потоа една несреќа и ДНК анализа му ги промениле животот! Сега има вила од 56 милиони евра и огромно богатство

Точка

21/05/2019

15:53

10.428

Големина на фонт

а а а

Џордан Адлард Роџерс целиот живот бил сиромашен работник, а потоа една несреќа и ДНК анализа целосно му го промениле животот.

Имено, Џордан целиот живот се обидувал да докаже дека е син на аристократот Чарлс Роџерс, но богаташот константно ги одбивал неговите барања за ДНК тест. 

Меѓутоа, Чарлс кон крајот на август минатата година бил пронајден мртов од предозирање во својот автомобил, па било изведено тестирање. Џордан докажал дека е син на Чарлс.

Бидејќи братот и мајката на Чарлс се исто така мртви, на Џордан му припаднал неговиот имот од 1.536 ари и имот во вредност од 50 милиони фунти. Џордан сега живее во неговата вила. Бидејќи живеел од помош на државата, сега не може да верува колку ДНК тестот го променил неговиот живот.

Момчето се сомневало дека Чарлс е негов татко од својата осма година, му доаѓал на врата, му пишувал писма, но се било залудно.

"Му понудив да направи ДНК тест кога бев помлад, но тоа никогаш не се случи, па кога имав 18 години му тропнав на вратата и го прашав дали можам да го добијам тестот, и ми кажа тоа да го направам преку адвокат. Тогаш имав 18 години. Напишав уште писма во своите 20-ти години, но никогаш не добив одговор, а потоа пред три години стапив во контакт со полномошникот Филип Кер, кој ме извести дека тестот е одбиен. Кратко потоа ми се јави, но да ми каже дека Чарлс бил пронајден мртов", се потсетува Џордан.

Чарлс и покрај богатството имал тежок живот, бидејќи бил зависник од наркотици, и умрел од предозирање. Во последните месеци живеел во својот автомобил, наместо во својата вила. Служел како морнарички поручник во британската војска, а тешко го погодила смртта на својот брат Најџел, кој починал од рак.

Џордан, кој и самиот неодамна станал татко, вели дека нема да заборави од каде дошол.




Спонзорирани линкови

Маркетинг