Скриени знаци кои се резултат на преголема консумација на шеќер

Точка

22/05/2019

17:00

8.506

Големина на фонт

а а а

Добро познато е дека внесот на шеќери во исхраната треба да биде ограничен. Веројатноста дека внесуваме повеќе шеќер од потребното, дури и кога внимаваме, е многу голема. Еве како и кога се случува тоа.

Промени во изгледот на вашата кожа

Консумацијата на поголемо количество шеќер од потребното може да појави промени на вашата кожа. Најчеста појава се всушност акните. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои страдаат од акни се поизложени на храна која содржи висок процент на шеќери, додека оние кои повеќе внимаваат на внесот на шеќер, поретко се соочуваат со проблеми од овој тип. Воведување на баланс во исхраната и внес на храна која содржи мало количество на шеќери е еден од првите чекори кон решавање на проблемите со кожата.

Чувствувате слабост и немате доволно енергија за активностите во текот на денот

Доколку јадете појадок или ручек кој изобилува со шеќери, а воедно е и со мало количество на протеини и хранливи влакна, веројатно вашето попладне го поминувате со намалена енергија или пак чувство на замор. Избалансирана исхрана со повеќе хранливи вредности ќе го спречи нивото шеќерот во крвта нагло да ескалира и ќе влијае позитивно на вашето расположение.

Имате покачен крвен притисок

Нормален крвен притисок се смета кога истиот е 120/80 или нешто понизок. Исхрана со виоко ниво на шеќери може да го покачи вашиот крвен притисок над оваа граница. Во едно истражување направено од страна на весникот "Open Heart", во 2014 година, медицински експерти доаѓаат до заклучок дека кога станува збор за крвнот притисок, луѓето треба да го ограничат внесот на шеќер повеќе, отколку внесот на содиум. „Додадените шеќери веројатно имаат поголемо влијание за појава на хипертензија (покачен крвен притисок), отколку солта“ - изјавиле авторите.

Имате покачено ниво на холестерол

Еден од најскриените знаци на високо ниво на шеќер во вашата исхрана е покаченото ниво на разни масти во крвта, а со тоа и нивото на холестерол. Доколку медицинските анализи укажуваат на покачено ниво на холестерол, во тој случај најдобро е да позборувате со вашиот лекар околу вашата исхрана и промените кои треба да ги воведете во истата, со цел да го стабилизирате нивото на холестерол. Отстранувањето на додадени шеќери во исхраната и консумирање на храна со избалансирано ниво на хранливи материи е првиот чекор кон решавање на овој проблем.

Не се чувствувате најадени иако често јадете

Зошто е толку лесно да посегнете по некој ред чоколадо или парче торта? Храната која е богата со шеќери, но не и со протеини, хранливи влакна и други хранливи вредности, никогаш вистински не ве заситува. Тоа е така бидејќи шеќерите не ги поттикнуваат механизмите во вашето тело, кои ви даваат информација дека сте најдени, иако можеби тукушто сте јаделе. Од друга страна, храната која е богата со протеини, ќе ве засити многу побрзо, ќе придонесе многу повеќе за вашето здравје и ќе го одложи чувството на глад. Токму таква избалансирана храна може да го подобри вашето секојдневие и општото здравје на вашето тело. Информирајте се за избалансирана исхрана ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг