Марк Маркез ја забележа својата трета победа во пет трки во новата Мото ГП сезона, покажувајќи дека е подготвен да ја одбрани титулата, откако немаше конкуренција на Француското ГП на легендарната патека Ле Ман.
Покрај тоа, тој ја донесе јубилејната 300. победа за Хонда во Мото ГП/500сс класата, а на само 26 години, неверојатниот Шпанец веќе има 73 победи, а уште еден јубилеј е 50-годишнината на патеката во Франција. Победата е послатка за Маркез, откако и неговиот помлад брат, Алекс Маркез триумфираше во Мото2 трката по пауза од две години.
Далеку зад него, асот на Дукати, Андреа Довициозо го победи својот италијански ривал Данило Петручи за само 0.158 секунди за второто место, додека топ 5 го комплетираа Австралиецот Џек Милер (кој на кратко беше и лидер на трката), а Валентино Роси не успеа да стигне до подиум и заврши како петти. Топ 10 го комплетираа Пол Еспархаро, Франко Морбидели, Фабио Квартараро, Кал Крачлоу и Алекс Ринс.
Another dominant display from @marcmarquez93! 💪
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) May 19, 2019
Three victories from the last four races for the @HRC_MotoGP rider! 🥇#FrenchGP 🇫🇷 pic.twitter.com/x9pzmB4Vnx
Маркез сега на врвот во генерален пласман има 95 поени, пред Довициозо со 87 поени, додека трет е Ринс во Сузуки со 75 поени.