Овој систем ги пронаоѓа криминалците за 7 минути: Дури и ФБИ им завидуваат на Кинезите поради него, но постои една сокриена опасност!

Точка

19/05/2019

13:38

3.390

Големина на фонт

а а а

Дури 170 милиони најмодерни надзорни камери се вградени во Кина ширум земјата, а како што истакнале, сето тоа е со цел масовниот надзор кој е опремен со најнапредна вештачка интелигенија и софтвер за препознавање лица, да се бори против криминалот во таа земја.

Но, како што истакнуваат експертите, тој систем кој е исклучително корисен, сепак претставува и огромна опасност. Имено, многу голем број противници на оваа програма, тврдат дека на овој начин Кина во целост им ја уништува слободата на сите граѓани.

Тој софтвер има пристап до сите јавни бази со фотографии од кинеските граѓани, кои ги споредува со снимките од потенцијалните осомничени лица со помош на безбедносните камери.

Доколку вештачката интелигенција потврди дека постои “преклопување“, ги извлекува дополнителните информации за осомничениот – адреса, лекарски картон, а тоа оди толку далеку што дури ги вади и коментарите кои тој човек ги пишувал на социјалните мрежи.

Експертите тврдат дека софтверот е току добар во пронаоѓање на луѓе, што дури постои можност во иднина да се унапреди до тој степен да може да ги предвиди злочините пред тие да се случат, колку и неверојатно да звучи.

Па така еден новинар во Шангај одлучил да го тестира споменатиот систем и да провери колку тој е ефикасен, а на кинеската полиција ѝ биле потребни само 7 минути за да го лоцираат и да го приведат.

Експертите тврдат дека овој кинески систем не само што е најдобар на светот, туку е и многу подобар од оној кој го користат ФБИ и тоа е одлично решеније за сузбивање на криминалот во секоја земја. Но, промблемот е и во тоа што може да се злоупотреби за масовна шпионажа и елиминирање на политичките противници, од што многумина стравуваат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг