Граѓаните да јадат по 300 грама храна дневно: Хуманитарна катастрофа во Северна Кореја - државата нема храна!

Точка

18/05/2019

15:29

4.340

Големина на фонт

а а а

Северна Кореја соопшти дека е погодена од најголемата суша во последните 100 години, откако од јануари до средината на мај паднале само 56,3 милиметри дожд, а тоа е најниско ниво од 1917-та година.

Метеоролозите соопштија дека сушата веќе оставила трага на приносот на пченица, хмељ, пченка, компир и грав. Се прогнозира дека до крајот на месецот може да врне дожд уште само два пати, а тоа нема да биде доволно.

Претходно во текот на овој месец, од Светската програма за храна “WFP” порачаа дека производството на храна во Северна Кореја паднало на најниско ниво во последните 10 години.

Од Светската програма направиле проценка на храната од 29-ти март до 12-ти април на барање на севернокорејските власти. Тие добиле пристап до фармите и урбаните и селските домаќинства, разните градини и центрите за дистрибуција на храна во Северна Кореја.

После проценката, сега се стравува дека поради сушата и слабите приноси, речиси 10 милиони луѓе можат да се соочат со глад, освен ако не добијат меѓународна помош. Во некои рурални делови од земјата, дури 43% од населението е потхрането, а едно од пет деца патат од забавен раст затоа што луѓето немаат доволно храна.

Северна Кореја веќе ја намали количината на храна која граѓаните можат да ја изедат дневно на само 300 грама, а тоа е најнискиот износ во историјата на земјата.

Покрај тоа, можно е дополнително намалување после очекуваната најслаба жетва во историјата на Северна Кореја, соопштија од Обединетите нации. Од Јужна Кореја веќе соопштија дека се подготвени повторно хуманитарно да им помогнат на своите северни соседи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг