Огромно богатство: Откриено е колку заработил Трамп во текот на минатата година

Точка

18/05/2019

11:30

2.481

Големина на фонт

а а а

Хотелите и останатите објекти во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп и минатата година му донесоа огромно богатство.

Американскиот претседател пријавил дека во 2018-та година заработил 434 милиони долари, односно нешто помалку во однос на претходната година кога забележал приход од 450 милиони долари.

Канцеларијата за етичка контрола на американската влада соопшти дека луксузниот хотел на Доналд Трамп во Вашингтон минатата година заработил 41 милион долари, нешто повеќе од 2017-та година, но заработката во комплексот Мар-а-Лаго на Флорида паднала за 2,5 милиони долари, односно на 22,7 милиони долари.


Исто така, во соопштението се наведени и долговите на Доналд Трамп, список на неговиот имот и бизнис објектите во негова сопственост.

Трамп одбива формално да го пренесе сопствеништвото над своите компании на други лица откако стана претседател на САД, а неговите критичари тврдат дека тоа е јасен показател дека Доналд Трамп е во конфликт на интереси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг