Дали големите градови наскоро ќе останат без поштари?

Точка

17/05/2019

21:13

1.744

Големина на фонт

а а а

Една од компаниите во сопственост на DHL почнала да доставува пратки со беспилотни летала - дронови, во јужната кинеска метропола Гуангжу.

Беспилотните летала со транспортни кутии и тежина до пет килограми, со експресна достава покриваат простор од осум километри, меѓу две станици. 

Проектот на достава со дронови заеднички го водат DHL-Sinotrans и кинескиот произведувач на дронови EHang, што е прв случај на меѓународна поштенска компанија да работи на достава на дронови во Кина.

"Динамиката на брзорастечкиот кинески пазар го прави идеален за тоа", рекол Џек О'Нил, заменик директор на DHL Express во Кина.

Линијата е поставена за неспецифичните корпоративни потрошувачи во населбата Шонгшан.

Дронот собира коверти со документи за клиенти два пати дневно, и почесто ако е тоа потребно, и ги доставува во сервисниот центар на DHL.

Дронот тоа го прави за осум, додека на автомобил му се потребни 40 минути.



Спонзорирани линкови

Маркетинг