Вратено правото на глас на Русија во Советот на Европа

Макфакс

17/05/2019

15:25

1.005

Големина на фонт

а а а

Советот на Европа денес усвои декларација за враќање на правото на глас на Русија во таа организација.

Министрите за надворешни работи на 47-те земји членки на Советот во голема мера ја поддржаа декларацијата во која се наведува дека сите членови треба да имаат „право да учествуваат” во двете главни тела на Советот на Европа „на рамноправна основа”.

Тоа значи дека на Русија ѝ е вратено правото на глас, објави АП.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го поздрави гласањето и ги потврди обврските на Русија, вклучувајќи го и плаќањето на членарина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека Русија е подготвена да соработува со Советот на Европа само доколку има „еднаква позиција” во сите механизми за донесување одлуки.

Украинскиот министер за надворешни работи го откажа присуството на состанокот во Финска во последен момент, очекувајќи позитивен исход за Русија.

Украинскиот амбасадор во Советот на Европа, Дмитро Кулеба, на својот твитер-профил напиша дека Украина и пет други земји гласале против предлогот, кој тој го опиша како резултат на „цинична дипломатија” со цел да се спаси „долгорочниот партнер”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг