Алегри доби отказ!

Точка

17/05/2019

16:01

1.683

Големина на фонт

а а а

Масимилијано Алегри повеќе не е тренер на Јувентус, потврдија денес од таборот на торинскиот клуб.

Од Јувентус денес објавија дека соработката со 51-годишниот тренер нема да биде продолжена и дека тој ќе го напушти клубот по крајот на оваа сезона. Претседателот на клубот, Андреа Ањели утре на прес-конференција ќе ги објасни причините поради кои Јувентус не ја продолжува соработаката со Алегри.

Алегри е на клупата на Јувентус од 2014-та година, но иако од тогаш ги освојува титулите во Серија А, тој не успеа на „Бјанконерите“ да им ја донесе долго посакуваната титула во Лигата на шампионите на која клубот чека со децении.

Се очекува во следните неколку дена да биде познато името на неговиот наследник.



Спонзорирани линкови

Маркетинг