„Moves like Jagger“: Жив, здрав и повторно танцува

Точка

16/05/2019

10:23

2.139

Големина на фонт

а а а

Фронтменот на популарната музичка рок група Ролинг Стоунс, Мик Џегер, на Твитер објавил видео снимка на која се гледа како игра на неговиот својствен начин со што на светот му покажал дека се вратил во форма после операцијата на срцето.

На видео снимката се гледа дека 75 годишниот Џегер е во одлична форма, додека ги изведува танцовите движења кои се негов заштитен знак, носејќи тренерка, бела маица и патики. Со видео снимката не е објавен никаков текст.

На Џегер неодамна му е заменет срцев залисток заради што групата Ролинг Стоунс мораа да ја одложат турнејата низ САД и Канада.

Тој им се извини на фановите велејќи дека “мрази кога мора да ги изневери“.

Од списанието Билборд велат дека турнејата на Ролинг Стоунс која беше планирана за месец април ќе започне во јули.




Спонзорирани линкови

Маркетинг