Тензично: Германија ги сопира воените обуки во Ирак, Холандија исто, кувајтската војска во приправност

Точка

15/05/2019

19:32

2.490

Големина на фонт

а а а

Германија ги прекинува воените обуки во Ирак поради зголемените тензии во регионот, изјавил портпаролот на германското Министерство за одбрана.

Портпаролот објаснил дека Германија има одредени назнаки дека постои ризик од напад кој би имал поддршка од Иран, но дека тоа не значи дека програмот за воени тренинзи нема да продолжи во иднина, пренесува "Reuters". 

Германското списание "Focus Online" соопштило дека одлуката била донесена во координација со државните сојузници во борбата против ИСИС.

Холандија и се приклучува на Германија и ги сопира мисиите во Ирак поради безбедносни закани, наведуваат медиумите.

Персоналот на холандската војска во соработка со другите странски трупи помагал во обуката на ирачките сили во Ербил на северот на Ирак, пренесува "Reuters". Во извештајот нема повеќе детали за ваквата одлука на Холандија.

Претходно администрацијата во Вашингтон издала итна наредба која се однесува на американскиот персонал во Ирак, веднаш да се повлече.

Исто така, Стејт департментот соопштил и дека оваа, последна одлука, има врска со растот на тензиите во Иран.

Како што пренесува "Russia Today", американската амбасада во Багдад соопштила дека има наредба целиот персонал кој не е за "итни случаи" веднаш да се врати во САД.

Тој потег доаѓа по зголемувањето на тензиите во односите меѓу САД и Ирак, но и поради заканите меѓу САД и Иран.

Речиси истовремено, Кувајт донел одлука да ја стави својата војска во приправност на највисоко ниво поради тензиите во регионот, додека од Кремљ велат дека со загриженост го следат развојот на настаните меѓу САД и Иран.




Спонзорирани линкови

Маркетинг