Оваа промена во вашиот глас може да биде знак за канцер на белите дробови

Точка

15/05/2019

10:08

2.058

Големина на фонт

а а а

Симптомите за ракот на белите дробови можат да бидат различни, од болки во грлото до отежнато дишење. Меѓутоа, навидум безопасната промена како што е засипнатиот глас може да претскаже развивање на тумор во вашето тело.

Кога е време да појдете на доктор?

Ракот на грлото е еден од најнепријатните тумори затоа што тешко се открива, а и кога ќе се дијагностицира тогаш болеста веќе е во напредна фаза.
Овој вид на рак е најчест во Велика Британија, а јасните симптоми ги дава дури тогаш кога ќе дојде до проширување на болеста на другите органи, најчесто белите дробови.


Најновите истражувања предупредуваат дека можеби сте во ризик од развивање на ракот на грлото доколку сте забележале некакви промени во вашиот глас, пренесуваат од медицинскиот сајт Very Well Health.

Засипнатиот глас не мора да значи дека имате рак на грлото. Сепак доколку сте засипнати подолго од три недели, најдобро е да појдете на доктор.


Туморот на грлото може да влијае и на јачината на вашиот глас. Во раниот стадиум обично не дава никакви симптоми, но и доколку има симптоми, можат да се помешаат со состојби на некои полесни заболувања.

Ракот на грлото може да се препознае и доколку при изговарање на некои зборови вложувате голем напор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг