Фејсбук: Надоградете ја апликацијата и надмудрете ги шпионите

Точка

14/05/2019

17:00

2.337

Големина на фонт

а а а

Фејсбук денеска ги предупреди корисниците дека треба да ја надоградат својата верзија на популарната апликација „WhatsApp“ поради тоа што постои можност без лично знаење да имаат шпионски софтвер инсталиран во телефоните.

WhatsApp ги повикува луѓето да ја надградат новата верзија на апликацијата за да ги заштитат информациите на мобилните уреди“, рекол портпаролот на компанијата, а пренесува Ројтерс.

Тој објаснил дека компанијата непрестајно работи на подобрување на сигурноста за да ги заштити своите корисници.


Шпионскиот софтвер е изработен од страна на „напреден хакер“, денеска „упаднал“ во повеќе мобилни телефони преку популарната „WhatsApp“ апликација за комуникација и тоа без интервенција на корисниците низ гласовните повици во апликацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг