Хакиран WhatsApp: Шпиони влегле во системот и крадат податоци!

Точка

14/05/2019

10:41

793

Големина на фонт

а а а

Шпионскиот софтвер изработен од страна на „напреден хакер“, успеал да влезе во многу мобилни телефони преку популарната „WhatsApp“ апликација за комуникација и тоа без интервенција на корисниците преку гласовните пораки во апликацијата.

Весникот „Фејненшл тајмс“, ја идентификувала израелската NSO група, како потенцијален хакер во овој случај, пренесува АР.

Шпионскиот софтвер на NSO е повеќепати откриен во хакирање на новинари, адвокати, бранители на човекови права и дисиденти.


Софтверот успеал да влезе во телефоните преку пропуштените повици од опцијата гласовни пораки од апликацијата, изјавил портпаролот на „WhatsApp“ и рекол дека софтверот кој е откриен на почетокот на мај е заразен со непознат број на уреди.

Се наведува дека корисникот немал можност да се одбрани, а според исказите на експертите, единствен начин на заштита во овој случај е „WhatsApp“ апликацијата воопшто да не е инсталирана во телефонот на корисникот.

Најзначајно е тоа што шпионскиот софтвер е заплеткан во убиството на саудискиот новинар, Џемал Кашоги, кој минатата година е убиен во саудискиот конзулат во Истанбул и чие тело никогаш не е пронајдено. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг