Видео кое ќе ве насмее до солзи: Погледнете како Шилегов се справува со електричниот сегвеј

Точка

13/05/2019

21:41

13.100

Големина на фонт

а а а

Владата на Република Македонија, град Скопје како и општините, во последно време сè повеќе се залагаат за зачувување на животната средина, промовирајќи разни еколошки проекти.

Еден од јавните политички фигури кој јавно признава дека е љубител на електричните превозни средства е градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој честопати може да се забележи како вози електричен тротинет низ улиците на главниот град. Но, тој на неодамешната изложба на автомобили не се снајде баш најдобро.

“1TВ” вчера објави видео на кое се гледа како градоначалникот на Скопје се обидува да се качи на сегвеј. Видео снимката за брзо време стана вирална на социјалните мрежи, а истата насмеа многумина - погледнете:



Спонзорирани линкови

Маркетинг