Објавен првиот трејлер за долгоочекуваниот филм на Марвел – “Spider-Man: Far From Home”

Точка

10/05/2019

16:41

2.223

Големина на фонт

а а а

Објавен е првиот трејлер за долгоочекуваниот филм на Марвел, “Spider-Man: Far From Home” кој ветува уште една забавна суперхеројска акција.

Низ триминутниот трејлер е прикажан Питер Паркер (Том Холанд) кој се одлучува да им се придружи на своите најдобри пријатели Нед, Емџеј и остатокот од бендот на патување во Европа. Меѓутоа, неговиот план да направи пауза ќе пропадне кога ќе одлучи да му помогне на Ник Фјури кој има посебна задача за него. 

Во новото остварување, режисерот Џон Ватс обрнал внимание на забавниот карактер на филмот, а со тоа гледачите ги очекува мноштво хумористични кадри.

Холанд на почетокот на трејлерот ги предупредува гледачите дека видеото содржи спојлери, поврзани со филмот “Avengers:Endgame”.

Паркер, своите пријатели во “Spider-Man: Far From Home” пробува да ги спаси од злобникот по име Мистерио кој го глуми фантастичниот Џејк Гиленхал. Остатокот од актерската екипа го сочинуваат Семјуел Л. Џексон, Џон Фавро, Мариса Томеи, Зендеја, Џејкоб Баталон, Тони Револори, Мартин Стар, Колби Смолдерс и многу други.

Премиерата на филмот е закажана за 2-pи јули.