Папата Франциск донесе одлука дека отсега и бискупите ќе треба да одговараат за сексуално насилство

Точка

09/05/2019

15:35

2.575

Големина на фонт

а а а

Папата Франциск го промени законот на Католичката црква според кој сега и бискупите ќе одговараат за сексуално злоставување или прикривање на ова дело, велат од BBC.

Светиот отец ги извести свештениците да пријавуваат случаеви на сексуални злоставувања и да престанат да ги прикриваат.  

Во апостолското писмо, тој јасно кажува дека секој сексуален чин од сега може да се смета за насилен. Папата изјавува дека никој не може да биде исклучен од овој закон.


Папата и измените на законот ја обврзуваат секоја Католичка бискупија во светот, да воспостават едноставен и достапен систем за известување и ги охрабрува локалните цркви да вклучат и правни експерти во овие истраги.


Отсега, свештениците имаат целосно право директно да се пожалат во Ватикан, кога ќе почувствуваат потреба.

Папата оваа измена во законот ја вети на почетокот на оваа година, а ова е неговата втора интервенција од самитот против злоставувања кој е оддржан во Ватикан во февруари.