Револуција на полето на медицинската дијагностика: За само неколку минути овој уред го открива проблемот

Точка

07/05/2019

16:45

4.239

Големина на фонт

а а а

Добата на лекарите кои препишуваат силни антибиотици додека ги чекаат лабораториските анализи може да заврши, благодарение на новиот уред кој тие резултати ги дава во рок од неколку минути, наместо неколку денови.

Уредот го направил тим од Универзитетот од Пенсилванија, а тој е опишан во изданието на научниот магазин „Proceedings of the National Academy of Sciences“.

Направата користи микротехнологија за снимање на бактериски клетки, кои потоа можат да се гледаат со електронски микроскоп.

Со помош на таа техника ќе може во рок од 30 минути да се дознае дали одредена бактерија е присутна во примерокот, како и нејзината чувствителност на медицинските третмани преку користење на одредени лекови и утврдување на отпорноста.


Доколку бактеријата е отпорна, антибиотиците нема да делуваат. Во денешните лаборатории тој процес трае до пет дена.

„Сега препишуваме антибиотици иако не знаеме кои бактерии се присутни“, рекол Пак Кин Вонг, еден од создавачите на револуционерниот уред.

Освен откривање на присуство на некоја бактерија, направата може да го одреди нејзиниот тип, преку набљудување на обликот на бактериските клетки. Сепак, нема да биде возможно да се одреди точно за која бактерија станува збор, а Вонг вели дека тимот работи на дополнителен молекуларен пристап кој ќе овозможи и класификација на бактериите. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг