Соборен авион во Либија: Војниците на Хафтар го заробиле пилотот! Се фотографираат со повредениот странец

Точка

07/05/2019

19:18

5.823

Големина на фонт

а а а

Авионот на војската лојална на владата во Триполи бил соборен денес во напад на Либиската национална армија која ја предводи генералот Калиф Хафтар, пренеле локалните медиуми.

Пилотот бил фатен, според непотврдените информации на локалните медиумии и фотографиите објавени на социјалните мрежи, и како што наведуваат нема либиско потекло. 

Авионот паднал, како што се наведува, кај Ал Хира, јужно од Триполи.

Податоци за жртви нема, а на објавените фотографии од наводно заробениот пилот се гледа маж со крваво лице како седи окружен со униформирани мажи.

На некои од постовите се наведува дека станува збор за маж со португалско потекло фатен во "платеничка акција да ги бомбардира Либијците".

На една од видео снимките поставени на Твитер се гледа фатениот пилот како седи на стол со крвава глава додека му го чистат лицето пред сликањето.

Битката за Триполи трае веќе повеќе од пет недели, а сите обиди за мировни преговори меѓу завојуваните страни во Либија пропаднале.

##https://twitter.com/VanessaTomass/status/1125709526735511553##



Спонзорирани линкови

Маркетинг