Деркоски честиташе победа на Пендаровски

Макфакс

05/05/2019

22:45

1.293

Големина на фонт

а а а

Од обработени 98.84 отсто од избирачките места, гласале вкупно 816.649 избирачи од кои за кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, својот глас го дале 423.292, а за кандидатката Гордана Сиљановска-Давкова 363.980 гласачи.

Одѕивот е 46.44 проценти, што значи дека е достигнат потребниот цензус.

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, ја честиташе победата на Пендаровски и порача дека во текот на ноќта се очекува да се обработат 100 посто од податоците.Тој им честита и на граѓаните за истрајноста и упорноста, а на кандидатите за коректно однесување во текот на кампањата.

Toj не сакаше да соопшти резултати за изборите за градоначалник во Охрид и во Ново Село каде се одржаа и локални избори, бидејќи имало мал процент на обработени податоци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг