Директори и министри во штабот на СДСМ слават победа на Пендаровски

Макфакс

05/05/2019

22:13

2.444

Големина на фонт

а а а

Министри, коалициски партнери, директори на државни институции се во штабот на СДСМ, каде го чекаат партискиот лидер Зоран Заев за да ги објави резултатите и да ја прогласи евентуалната победата на кандидатот Стево Пендаровски.

Меѓу присутните е министерот за здравство Венко Филипче, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Агенција за млади и спорт Дарко Каевски, директорката на УЈП Сања Лукаревска, директорот на финансиската полиција Арафат Муареми, министерката за правда Рената Дескоска, заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и останати функционери од редовите на СДСМ.

Од коалициските партнери, прв пристигна Амди Бајрам, а потоа и Павле Трајанов.

Репортерите на „А1он“ од терен јавуваат дека засега не е пристигнат ниту еден претставник од ДУИ, иако претходно функционери на СДСМ најавиле дека ќе пристигне Али Ахмети.

Освен министрите и високите функционери, во партиското седиште на владејачката партија има поддржувачи кои веќе цел час играат оро со зурли и тапани, откако генералниот секретар на партијата, Александар Кирацовски, и портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, прогласија победа на Стево Пендаровски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг