Пендаровски во водство со 58 илјади гласови пред Силјановска

Макфакс

05/05/2019

21:32

2.663

Големина на фонт

а а а

Кандидатот за претседател на СДСМ, кој е поддржан и од ДУИ, Стево Пендаровски, има водство од 58.000 гласови во однос на кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, според официјалните резултати што ги објавува Државната изборна комисија.

Досега обработени се 71.92 отсто од гласовите. Според овие податоци, Пендаровски има 283.835 гласови, додека Силјановска 225.204 гласови.

Од вкупно 527.476 кои гласале, 18.437 ливчиња се неважечки.

Првичните неофицијални резултати се очекува ДИК да ги соопшти околу 22 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг