Кирацовски: Пендаровски е во водство според првичните тенденции

Макфакс

05/05/2019

19:59

1.098

Големина на фонт

а а а

Александар Кирацовски, кој е претседател на изборниот штаб на заедничкиот кандидат Стево Пендаровски, на првата прес-конференција по завршувањето на вториот изборен круг изјави дека нивниот кандидат е во водство и очекуваат сигурна победа. Изборите ги оцени како кристално чисти и рече дека поминале во мирна и демократска атмосфера. Тој им заблагодари на граѓаните што биле одговорни и излегле на гласање за да се исполни цензусот.

„Имавме достоинствени избори, граѓаните покажаа зрелост, а исто така и институциите кои го спроведоа целиот процес. Порачувам до останатите учесници да не наоѓаат алиби за непосакуваните резултати. Нашиот кандидат е во водство и вечерва очекуваме победа“, рече Кирацовски.

Тој најави дека првичните резултати од терен може да се очекуваат за еден час и додаде дека во штабот на СДСМ ќе присуствуваат сите коалициски партнери, вклучувајќи го и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.




Спонзорирани линкови

Маркетинг