ДИК: Одѕивот до 13 часот е 20.73 отсто

Макфакс

05/05/2019

13:54

2.726

Големина на фонт

а а а

Одѕивот до 13 часот на гласањето во вториот круг од претседателските избори изнесува 20,73 отсто од обработени 95,34 отсто од избирачките места, соопшти Државната изборна комисија.

Гласале 359,24 избирачи. Треба да се обработат уште помалку од 5 отсто од избирачките места, за да се утврди точниот одѕив.

„Очекуваме со обработката на овие помалку од 5 отсто избирачки места, бројката на избирачи кои излегле да гласаат до 13 часот, да биде околу 370 илјади гласачи“ рече портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска.

Гласањето се одвива веќе 6 ипол часа мирно, непрекинато и без неправилности. До 13 часот имало еден приговор од граѓанин, за заштита на лично избирачко право, кој не бил запишан во избирачкиот список. Од ДИК велат дека во моментов се обработува неговиот приговор и за резултатот дополнително ќе известат.

Највисок одѕив има во Крива Паланка 39,69 крушево 34,33 прилеп 33,84 кртово 33,82 отсто, гевгелија 33,07 и берово 31,53 проценти. Најнизок одѕив желино 4,22 врапчиште 6,12 боговиње 6,21 процент.

На изборите за градоначалник обработени се 99,08 отсто од податоците од избирачките места. Во Ново Село гласале 2743 гласачи или 24,14 проценти од запишаните, а во Охрид 11450 избирачи или 21,91 процент.

Потсетување дека е отворена бесплатната телефонска линија 0800 555 444 за прашања и коментари до ДИК, а за лицата со оштетен слух и говор линијата 076 488 360, за видеоповик, на чии прашања ќе добијат одговор со знаковен јазик.



Спонзорирани линкови

Маркетинг