Adidas креираше неуништливи патики кои сопствениците можат да ги носат засекогаш

Точка

04/05/2019

12:27

5.986

Големина на фонт

а а а

Брендот Adidas уште од 2015 година произведува патики кои се изработуваат од пластика, извлечена од океаните и преработена во компанијата “Parley for the Oceans”.

Сега тие одат чекор понапред и произведуваат нов неуништлив модел кој има за цел да го намали собирањето на пластичниот отпад во светот. 

“Futurecraft Loop” се нови револуционерни патики кои се изработени од термопластичен полиуретан за повеќекратна употреба, немаат потреба од никакви лепила за спојување и во целост се исплетени и вплетени во подлогата. Патиките се креирани така што секој нивен дел може повторно да се искористи, а визијата на Adidas е засекогаш да завршат со создавањето на отпад. Оваа визија имаат намера да ја оживеат преку фактот дека сакаат истата облека да се носи одново и одново.


Брендот на својата официјална веб-страна порача дека со купувањето и набавувањето на ваквиот модел не можете да го решите проблемот со натрупување на пластика во светот, но можете значајно да го намалите и со тоа да придонесете до отстранување на ваквиот вид отпад.




Спонзорирани линкови

Маркетинг