Единствена Македонија: На изборите нема македонски кандидати

Макфакс

03/05/2019

12:50

1.545

Големина на фонт

а а а

Единствена Македонија повика на 5 мај да не се излегува на изборите оти нема македонски кандидати.

„Во изборната кампања видовме дека претседателските кандидати немаат намера да го поништат антимакедонскиот договор со Грција со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Со неизлегување на изборите и немањето цензус, изборите ќе бидат неуспешни со што се отвора патот за распишување парламентарни избори на кои може да го осигураме стратешкиот интерес на татковината. Единствената надеж за Македонија е доколку по следните парламентарни избори дојде народна власт, прво, со определба да го поништи договорот за промена на името, и второ, да дојде народна власт за која светот е поширок и не завршува во Брисел. Затоа, на следните парламентарни избори, македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија немаат повеќе право на грешка“, велат од партијата.

Ние во Единствена Македонија, додаваат од таму, сме целосно спремни да бидеме предводници на процесот за враќање на Македонија на изворните принципи на Илинден и АСНОМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг