Мадуро: Целта им е да предизвикаат граѓанска војна за Америка воено да интервенира и да ја окупира Венецуела!

Точка

02/05/2019

11:08

1.804

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, предупредил дека ескалацијата на конфликтот во оваа земја, САД би можеле да ја искористат како повод за воена интервенција.

„Тие (опозицијата) сакаат да нè доведат до граѓанска војна. Се прашувам што би се случило ако ги испратиме тенковите, оклопните возила и специјалните сили кои ги имаме? Би настанал масакр помеѓу Венецуелците, а Вашингтон тоа би го прославил и би наредил воена интервенција за окупирање на земјата на Боливар“, рекол Мадуро за време на говорот по повод 1-ви мај.

##https://twitter.com/SputnikInt/status/1123819464624091136##

Тој уште еднаш истакнал дека токму граѓанска војна била главната цел на опозицијата во вторникот при обидот за државен удар. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг