Франција ја објави стратегијата за Западен Балкан

Макфакс

30/04/2019

20:25

4.608

Големина на фонт

а а а

Франција ја објави стратегијата за Западен Балкан, на барање на францускиот претседател Емануел Макрон, кој е против проширувањето на Унијата. Оваа стратегија следи еден ден по самитот на лидерите на Западен Балкан во Берлин и е објавена на француски, македонски и албански јазик.

Според информациите, Макрон побарал да се изработи стратегијата на основа на анализа во која стои дека земјите од регионот, Словенија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија оствариле значаен напредок, но дека се потребни многу реформи, кои би овозможиле постојана стабилизација и одговори на предизвиците со кои се соочуваат.

Областите во кои се потребни реформи се економските и социјалните прашања, потешкотиите во постојаното воспоставување на владеење на правото, безбедносните прашања и надворешните влијанија, кои, како што се наведува, го пренасочуваат регионот од неговата европска перспектива.

Според барањето на Макрон, конкретната стратегија за Западен Балкан, подразбира поголема посветеност на Франција на стабилизација на шест земји од регионот, кои не се членки на ЕУ, а во смисла на нивен економски и општествен развој и зајакнување на владеење на правото.

Францускиот претседател Макрон, годинава се очекува да ги посети Србија, Албанија и Косово, но не се споменува Република Северна Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг