Макрон и Меркел го пофалија преспанскиот договор

Макфакс

30/04/2019

08:55

1.427

Големина на фонт

а а а

Домаќините на неформалниот самит за Западен Балкан, германската канцеларка, Ангела Меркел и францускиот претседател, Емануел Макрон, пред почетокот на состанокот истакнаа дека оваа средба не е посветена на процесот на проширување, туку на соработката и решавањето на билатералните спорови во регионот.

Во овој контекст, тие го посочија македонско-грчкиот пример, истакнувајќи дека преспанскиот договор е доказ оти со политичка волја можно е да се надминат споровите.

„Видовме храбри чекори за спорот за името на Северна Македонија“, рече Меркел, додека Макрон истакна дека препанскиот договор е доказ за решавање на спорови кои изгледале нерешливи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг