“Лажевме, крадевме и мамевме”: Помпео во шокантното обраќање признал со што сè се занимава ЦИА

Точка

25/04/2019

21:22

4.268

Големина на фонт

а а а

Поранешниот директор на ЦИА и актуелен државен секретар на САД, Мајкл Помпео, признал дека ЦИА ги тренира врабоените да “лажат, крадат и мамат”. И додека тоа на него му било смешно, на јавноста не ѝ било.

“Кога бев кадет, главното мото беше: немој да лажеш, крадеш и мамиш и немој да ги толерираш оние кои го прават тоа. Бев директор на ЦИА. Лажевме, крадевме и мамевме... Имавме цели курсеви за тоа. Те потсетува на славата на Американскиот експеримент”, изјавил Помпео низ смеа пред студентите во Тексас. 

Иако неговата изјава била смешна и за студентите, набрзо започнале да се пишуваат коментари на социјалните мрежи.

“Помпео заборавил да ги напомене сите убиства кои ги извршила ЦИА во Централна и Јужна Америка и остатокот од светот. Американскиот режим е зло”, “Америка има повеќе крв на своите раце од било која друга држава на светот”, “Неговата изјава не нè чуди во држава која ја создале лажговци, измамници, крадци и масовни убијци”, биле само некои од коментарите.

“Но, кажете нѝ нешто што не знаеме”, гласел коментарот на еден Твитерџија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг