Гаранција за пехари: Видал ќе ја освои осмата лигашка титула во низа и тоа со три различни тимови

Дерби

25/04/2019

21:03

1.801

Големина на фонт

а а а

Искусниот чиленаски ас, Артуро Видал ја игра својата прва сезона во Барселона, сезона која може да ја заврши со многу успеси. Првиот е трофејот во Примера кој популарниот кинг Артуро и компанија можат да го потврдат веќе овој викенд и тоа со домашна победа против Леванте на нашиот Енис Барди.

Ако ова се случи тоа ќе биде 26. титула за Барса во Шпанија, а дури осма лигашка во низа за Видал и тоа со три различни клубови. Имено тој од сезоната 2011-2012 редово триумфира во шампионатите во кои настапуа, почна со Јувентус (4 трофеи), продолжи во Баерн Минхен (три трофеи), а таа серија ќе ја продолжи со Барселона само прашање е само времето, дали овој викенд или некое друго коло.

Чилеанецот одлично се снајде во првата кампања на „Камп Ноу“, па веќе има информации дека клубот размислува и за продолжување на соработката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг