Сега собираат милијарди, а вака изгледало првото YouTube видео

Точка

25/04/2019

15:55

2.845

Големина на фонт

а а а

Повеќе од шест милијарди прегледи има песната "Despacito’", и тоа е најгледаното видео на YouTube. Првите милијарда кликови ги собрал "Gangnam Style", а сега има 3,3 милијарди.

Џавед Карим, еден од основачите на YouTubе, на 23-ти април 2005-та година го објавил првото видео на таа платформа, а денес неговата социјална мрежа брои повеќе од милијарда единствени корисници. 

"Me at the Zoo" е насловот на првото видео на YouTube снимено во зоолошката градина во Сан Диего. Видеото траело само 18 секунди.

На YouTube сега секоја минута се пренесуваат повеќе од 400 часа содржина. Тоа би значело дека во еден ден се објавуваат дури 576.000 часа видеосодржина, додека вкупно се гледаат и до милијарда часа содржини дневно. Според бројот на активни корисници, YouTube е втора најголема социјална мрежа, а пред него е само Facebook.

Најгледаното видео на оваа мрежа е музичкиот спот за песната "Despacito’" на пејачот Луис Фонси. Видеото има повеќе од шест милијарди прегледи, а зад него се "Shape of you" на Ед Ширан и "See you again" на Виз Калифа.

Првото видео кое остварило милијарда прегледи и така го соборило Гинисовиот рекорд било музичкото видео "Gangnam Style" на пејачот Псај, а да ја достигне таа бројка му биле потребни 5 месеци.

Повеќето видеа на YouTube се музички , па интересно е што не-музичко видео, односно цртаниот филм "Маша и Медо, епизода 17", собрало дури 3,5 милијарди кликови. Каналите со најмногу претплатници се T-Series и PewDiePie, а моментално може да се следи и видеопренос во живо кој ќе одлучи за тоа кој ќе го заземе тронот како најпретплатен канал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг