Каније Вест повторно со неверојатни идеи: Сега размислува да отвори сопствена црква

Точка

25/04/2019

15:03

1.759

Големина на фонт

а а а

Каније Вест за Велигден одржа настап на Коачела кој може да се карактеризира како неделна миса.

Со овој необичен концепт, раперот привлекол околу 50.000 лиѓе, па сега наводно размислува за основање на нешто потрајно.

Каније реводно одржува лични неделни церемонии на почеток на годината, а до неодамна биле отворени само за неговите познати пријатели како Кејти Пери и Орланда Блум.

##https://twitter.com/Complex/status/1119313208567914496##

„Многу е страстен за својата вера и сака редовно да ја споделува со луѓето. Поминува многу време во изучување на молитви и сака да го сподели своето патување“, открил извор близок на Каније.

„Кажете сè што мислите за него, но тој навистина сака да им помогне на луѓето на кои им е потребна поддршка. Ја разбира скршеноста и потребата за исцелување, веројатно повеќе од многу други. Верува во исцелувачката моќ на музиката, но исто така верува дека бог може да интервенира и да ги исцели човечките рани и нивните проблеми“, додал изворот за „People“.

##https://twitter.com/GlobalDanceElec/status/1120038641781239808##

Меѓу славните лица кои ја следеле церемонијата биле и сопругата на Каније, Ким Кардашијан Вест и нејзините сестри, Клои, Кортни, Кендал, Кајли и нејзиното момче Травис Скот...

„Зборуваше за основање на сопствена црква и како точно би изгледала. Не би била традиционална црква со три псалми и проповеди, туку тоа би бил начин да ги насочи луѓето по патот на Исус преку уметност и заедници од луѓе кои се сакаат и се грижат едни за други. Тој исто така сака неговите деца да се одгледуваат со вера, а најдобар начин за да го направи тоа е да ја живее својата вера“, вели изворот. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг