„Калчомеркато“ со ексклузива: Жорге Мендеш притиска Хамес да се пресели во Серија А

Дерби

25/04/2019

12:29

1.638

Големина на фонт

а а а

Се повеќе станува јасно дека Хамес Родригез нема да продолжи со настапите во Баерн Минхен, па ќе мора да се врати во редовите на Реал Мадрид клуб кој го поседува неговиот договор.

Агентот на Хамес, Жорге Мендеш напорно работи за да ја обезбеди иднината на својот клиент, а „Калчомеркато“ пренесува дека истиот притиска да се реализира трансфер во Јувентус.

Мендеш веќе одржал неколку средби со спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи на кои му го нудел Хамес Родригез наместо Жоао Феликс.

Се верува дека Родригез, барем засега не е примарна трансфер опција за раководството на „бјанконерите“, но доколку Мендеш ги искористи своите моќи на убедување, кои несомнено ги поседува, може да се случи Хамес од следната сезона да го гледаме во Торино.



Спонзорирани линкови

Маркетинг