Анемија кај децата: Како да ја препознаете?

Точка

25/04/2019

12:19

5.267

Големина на фонт

а а а

Анемијата најчесто се појавува во рана пролет. Анемијата или слабокрвноста претставува намалена способност на крвта да пренесува кислород, а најчесто настанува поради намалена количина на црвените крвни зрнца- еритроцитите и хемоглобинот во нив.

Слабокрвноста на детето, постаро од една година, најчесто настанува поради недовлно внесување на храна која што содржи железо, неговата недоволна апсорпција или слабото искористување.

Која е причината? 

Причините за анемија може да бидат и недоволното производсвто или прекумерена деградација на еритроцитите или губење на крв. Кај новороденчињата и малите деца, анемијата е физиолошка појава, поради зголемена деградација на “вишокот“ еритроцити со кои детето се раѓа. Анемијата најчесто се појавува во вториот или третиот месец од животот, затоа што еритроцитите кои настанале во феталниот период, живеат 60-70 дена, волуменот на крвта брзо се зголемува, затоа што детето брзо расте, а новите еритроцити не се произведуваат доволно брзо. Анемијата најчесто се појавува во раната пролет, после долгиот зимски период кога во исхраната недостасуваат свежо овошје и зеленчук, богати со железо.

Како да ја препознаете?

Слабокрвните деца, релативно се со добро расположение, но брзо се изморуваат, а може да се појави и отежнато дишење. Симптомите кои најчесто ги забележуваат родителите, како можни знаци за слабокрвност кај детето се: избледена кожа, која не мора секогаш да биде показател на анемија. Незаинтересираност за игра, намален апетит (кој повеќе ја намалува концентрацијата и железото во крвта), зголемено потење. Доколку ги забележите овие симптоми кај вашето дете, тогаш треба да побарате помош од лекар.

Храна која изобилува со железо:

Храна од животинско потекло: месо;

Зелен зеленчук: спанаќ, блитва, мед, цвекло;

Овошје: богато е со витамин Ц, кој ја подобрува апсорпцијата на железото;

Мешунки: грашок, боранија, грав.



Спонзорирани линкови

Маркетинг