Гатузо се огласи за можната преселба во Премиер лигата

Дерби

24/04/2019

20:15

1.573

Големина на фонт

а а а

Џенаро Гатузо од 2017 година го води калчолигашот Милан, но дефинитивно е прашање дали ќе биде тоа така во иднина ако клубот и оваа сезона не успее да биде меѓу четирите најдобри во Серија А, односно не обезбеди пласман во Лигата на шамионите.

Меѓутоа без разлика на што ќе се случи популарниот Рино нема намера да се пресели во Премиер лигата во тимот на Њукасл. Оваа вест вчера ја пренесе „Газета дело Спорт“ која посочи дека Гатузо разговарал со супер агентот Жорге Мендеш, односно му била понудена како опција ангажман на „Сент Џејмс Парк“ и тоа како наследник на Рафаел Бенитез за кого исто е неизвесно дали понатаму ќе остане во сегашната средина.

За овие информации се огласи самиот Гатузо кој во две раченици разјасни некои работи:

-Ние често се гледаме, сакам добра храна и да разговараме за фудбалот. Њукасл? Неосновани шпекулации. Повторувам со Мендеш тоа е само одлично пријателство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг