Богати студенти кои станале бомбаши самоубијци: Меѓу крвниците од Шри Ланка има и жена, а нападот го планирале 7 години

Точка

24/04/2019

19:32

3.806

Големина на фонт

а а а

Иако Исламската држава преземала одговорност, докази за тоа уште нема, а иако се зборува дека нападите на црквите и хотелите се одмазда за пукањето во џамиите на Нов Зеланд, некои сепак веруваат дека нападите се планирани долга низа години.

Полицијата во Шри Ланка денес објавила дека привела уште 18 лица во врска со нападите на црквата и хотелите минатата недела. Додека одговорноста за нападот, очекувано, ја преземала Исламската држава, бројот на мртви пораснал на 359, а бројот на ранети на околу 500. 

Исламската држава, по преземањето на одговорноста, изјавила дека нападите ги извеле седум нивни напаѓачи, но нема никакви докази дека зад нападот стои токму ИСИС. Ако тоа сепак се покаже како вистина, тоа ќе биде еден од нивните најголеми напади надвор од Сирија и Ирак.

Од министерството за одбрана на Шри Ланка велат дека за нападите се одговорни редовите на две тамошни екстрамистички групи, "Национал Тахвид Џамат" и "Џамијатул Милату Ибрахим".

Заменик министерот за одбрана, Руван Вијавардене, тврди дека меѓу напаѓачите имало и една жена и дека еден од нив веројатно студирал во Велика Британија и Австралија.

"Повеќето напаѓачи се високо образовани луѓе и потекнуваат од семејства од средна или висока класа. Финансиски се независни, а нивните семејства се финансиски стабилни".

Веруваме дека еден од бомбашите самоубијци студирал во Велика Британија, а можно е подоцна да дипломирал во Австралија, пред да се врати на Шри Ланка - рекле од министерството.

Еден поранешен воен командант смета дека нападите биле планирани најмалку седум години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг